Џошуа се огласи првпат по несреќата: Чувар на моите браќа (ФОТО)
Џошуа се врати од Нигерија за дома да го продолжи лекувањето, но и да присуствува на комеморацијата на своите пријатели која се одржува во Лондон.
На својот Инстаграм профил тој објави фотографија на која е опкружен со членови од неговото семејство и напиша: „Чувар на моите браќа“.
Во меѓувреме нигериската полицика подигна обвинение против возачот на автомобилот кој се посочува како виновник за несреќата поради тоа што возел значително побрзо од дозволеното.