Брутален бокс-меч: Со нокаут го испрати директно на - операција на мозокот (ВИДЕО)

Во боксерскиот меч во Чикаго славеше Чарлс Конвел, кој со две силни крошеа го нокаутираше Патрик Деј, кој онесвестен го однеле во болница на операција на мозокот.

Нокаутот беше одлично изведен, но победникот не очекуваше дека неговите удари ќе му направат голема штета на Деј.

„Разговарав со докторот и ни кажа дека Патрик не се разбудил на пат до болницата“, кажа новинарката Клаудија Треојос.

За несреќата зборуваше и промотерот на Ентони Џошуа, Еди Хрн, кој кажа дека сите се молат за Деј.

„Го следев во болница и уште е во несвест, бев во болница со неговиот тим и промотерите, сите се молиме за него. Не сакам да шпекулирам, но мислам дека е многу лошо“, вели тој.