Српските власти не дозволуваат да се одржи „Београдски маратон“!

Триесет и третото издание на „Београдски маратон“ ќе биде пролонгирано за следната година, откако властите во Србија не дозволија одржување на оваа традиционална манифестација, која беше закажана за 18. октомври.

Причина за ова е глобалната пандемија со коронавирусот, поради што организаторот не доби „зелено светло“ за нејзина реализација.

„По неколкумесечени сериозни организациски работи и подготовка на план и протокол адекватен на времето во кое се наоѓаме, очекувавме да добиеме позитивен одговор и бевме подготвени да дадеме сè од себе трката да мине беспрекорно. Затоа, разочарани сме од одлуката за забрана на маратонот и им се извинуваме на сите кои се надеваа дека ќе трчаат по улиците на Белград“, напишаа од организацискиот обор на „Београдски маратон“.

Затоа, пак, засега е сигурно одржувањето на „Скопскиот маратон“, кој треба да се одржи в недела.