На маратонот во Лондон ќе трчаат само одбрани и тоа околу парк!

Поради пандемијата со коронавирус, која жестоко ја погоди Велика Британија, еден од најпрестижните маратони на светот, во Лондон годинава нема да се трча како вообичаено со преку 40.000 рекреативци на стартот, туку само за – одбрани професионалци.

Организаторот на лондонскиот маратон се решиле да го организираат истиот само со елитни натпреварувачи, а се надеваат дека ќе го соберат сиот крем во маратонското трчање и истиот треба да се одржи на 4 отктомври, откако поради експлозијата на ковид-19 беше одложен пролетва, кога и вообичаено се одржуваше.

Според најавите околу 30 до 40 маратонци ќе учествуваат на трката во машка и женска конкуренција, а ќе трчаат кругови од два километри околи Сент Џејмс паркот во Лондон, наместо по улиците на англиската престолнина. Организаторите се надеваат дека на маратонот ќе учествува и ланскиот победник и светски рекордер, Елиуд Кипчоге од Кенија, како и Кенениса Бекеле од Етиопија, поранешниот светски и олимписки шампион и светски рекордер на 5.000 и 10.000 метри.

Исто така цел на организаторот е во женска конкуренција да трча Бригид Коскеи, Кенијката која е број еден во маратонско трчање кај дамите.