Кипчоге урна светски рекорд на маратон во Берлин (ВИДЕО)

Кениецот Елиуд Кипчоге на маратонот во Берлин, Германија успеа да го урне сопствениот рекорд, откако истрча 42.195 метри за само два часа, една минута и девет секунди, односно за 30 секунди побрзо од претходниот рекорд.

Од самиот старт на трката беше јасно дека најдобриот маратонец во светот ќе има одлично време, а во завршницата беше очигледно дека ќе го урне рекордот, па публиката му даде голема поддршка.

Зад Кипчоге заврши Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, а третата позиција му припадна на Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.