Канадската штафета се закити со олимписката титула

Машката 4х100 штафета на Канада го освои златниот медал на Олимписките игри откако во финалето истрча со време 37,50 секунди.

За Канаѓаните трчаа Арон Браун, Џероми Блејк, Брендон Родни и Андре де Грас, а зад нив завршија Јужна Африка со 37,57 и Велика британија 37,61.

Штафетата на САД ја нема во конечниот пласман бидејќи е дисквалификувана поради престап при првата измена. Американците завршија на седмото место, но тоа нема да им се смета во пласманот.