
Дрита Ислами сезоната во сала ја почна со - македонски рекорд!
Ислами, по лошиот период исполнет со повреди, истрча 400 метри во сала за време од 55,95 секунди, па така го поправи претходниот рекорд кој беше 56,35 секунди.
„Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди“, напиша Ислами.