Атлетиката добива нова ѕвезда: На 16 години руши рекорди и го споредуваат со Болт!
Гоут на само 16 години истрча 100 метри за 10.4 секунди на училишен натпревар одржан во Квисленд, сепак овој резултат нема да биде земен како официјален поради ветерот кој дуваше во неговиот грб со брзина од 3.4 метри во секунда. Инаку, станува збор за четвртото најдобро време во историјата за спринтери до 18 години.
Но Гоут Гоут своите способности ги докажа и во финалниот натпревар каде што истрча 100 метри за 10.17 секунди и така го подобри својот рекорд кој изнесуваше 10.29, а тоа е и австралиски рекорд до 18 години.
Еден ден подоцна тој оствари уште еден импресивен резултат подобрувајќи го рекордот на 200 метри кој го држеше Усеин Болт. Гоут истрча 20.4 секунди со што за две стотики беше побрз од времето на славнито спринтер од Јамајка.
Со ова време на само 16 години тој постави и рекорд на Океанија. Инаку, неговото потекло е од Судан, но во атлетиката се натпреварува под знамето на Австралија каде што е роден.