Во Хондурас падна гол за „Пушкаш“ - страшен погодок со ножички (ВИДЕО)

Хондурас со 4-0 ја победи Гренада во Лигата на нации во зоната КОНКАКАФ, а шоуто го украде домашниот фудбалер Едвин Родригес со неверојатна мајсторија вредна награда „Пушкаш“, за гол на годината.

Родригез даде гол со ножички, не е прв, ниту последен, но начинот како го даде да прими топка по корнер, а откосо да погоди во мрежата е спектакуларен.