Судија каде ти се очите? Ливерпул даде гол по очигледен офсајд (ВИДЕО)

Садио Мане го донесе Ливерпул во водство од 1-0 на гостувањето кај Вест Хем во рамки на Премиерлигата. 

Голот на „црвените“ фрла нова црна сенка на лошите одлуки на судиите, бидејќи акцијата по која Мане погоди беше по очигледен офсајд и тоа буквално пред очите на помошникот судија. Лалана го проигра Милнер, кој барем два метри беше во недозволена позиција, а помошникот судија остана нем.