Мајсторија на Самарџиќ за Удинезе (ВИДЕО)

Тазе српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ, кој беше младински германски репрезентативец постигна мајсторски гол денеска за Удинезе и тоа после само две минути.

Србинот, соиграч на нашиот Илија Несторовски, од 16 метри со надворешна како голем фудбалски мајстор погоди во мрежата, изненадувајќи го голманот на Кремонезе, зашто шутна по земја.