Лудило: Американски ракометар го гризеше противникот како Луис Суарез (ВИДЕО)

И ова се случи на Светското првенство во Полска и Шведска, откако американскиот ракометар Пол Скорупа го глумеше Луис Суарез во – гризење на противникот.

Ако се сеќавате на „дракула моментите“ на Суарез со Патрис Евра и Џорџо Кјелини во минатото, сега го ископира Скорупа, кој тргна да го гризе Хусеин Алсајд од Бахреин, па после прегледување на снимката судиите му дадоа – син картон.

Скорупа прво доби црвен, па син картон кој е потешка казна и сега му следува парична казна и подолга суспензија за глупоста што ја направи.