Легендарниот Лери Бирд пред точно 32 години го виде - Господ (ВИДЕО)

На денешен ден во 1986 година, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Лери Бирд, беше директен сведок на еден од најдобрите индивидуални настапи во најсилната лига на светот. Станува збор за неговата изјава дека таа вечер „го видел Господ како истрчал на паркетот маскиран во Мајкл Џордан“. Причина за ова е фактот што „Ер Мајкл“ постигна 63 поени во победата на Бостон селтикс над неговите Чикаго булс (135-131) во вториот меч од првата плејоф-рунда во Источната конференција.