Имало и бетер од Суарез – Индиец гризе кај ќе стигне и тоа по неколку пати (ВИДЕО)

Уругвајската ѕвезда Луис Суарез освен со головите, во кариерата се прослави и со лудите потези да гризне некого во дуел, ама еден Индиец успева дури да го надмине. Не еднаш, туку неколкупати гризна противнички фудбалер, чиниш седнал да вечера – печено месо.

На дуелот Ченај – Гоа, Беди Еду го гризна неколкупати Тангри, откако двајцата се најдоа на земја по еден дуел.