Бразилец се повреди изведувајќи корнер - наместо топката го клоцна судијата (ВИДЕО)

За ова не треба коментар, слободно може да влезе во друштво на најголемите фудбалски пацери. Божем Бразилците се фудбалски таленти кои со топка прават чуда, ама овој „кариока“ светот го изнасмеа. На корнер успеа да ја промаши топката, наместо во неа, го шутна судијата, ја свитка нога и легна на терен. Навивачите прснаа од смеење, а аутрихтерот му се извинуваше.