Вујовиќ пак ќе биде селектор - ќе го води Катар

Поранешниот тренер на Вардар и педводник на македонската репрезентaција Веселин Вујовиќ повторно се враќа во селекторски води.

Во иднина тој ќе биде селектор на Катар како замена за Дарко Травица кој беше привремен кормилар на оваа репрезентација по заминувањето на Валеро Ривера. За разлика од пред една деценија, кога Катар беше светски вицешампион, сега во земјата не се вложува толку во ракометот, па Вујовиќ ќе има мошне послаб состав и задача да ја однесе оваа репрезентација во втората рунда од претстојното Светско првенство каде е во група со Франција, Австрија и Кувајт.

Катар ќе биде петта репрезентација што ќе ја води Вујовиќ во неговата кариера, по Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран. Во април годинава, кога си замина од Нексе, беше објавено дека најверојатно ќе ја заврши кариерата, но сепак одлучи да прифати нов предизвик.