Трагедија: Светска вицешампионка загина во сообраќајна несреќа - имаше 22 години!

Унгарската ракометарка, Доротја Киш (21), трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, објавија локалните медиуми.

Таа настапуваше за клубот ЕРД и беше дел од младата репрезентација на Унгарија. Киш беше една од најперспективните млади спортистки во својата земја, која пред три години освои сребрен медал на Светското првенство за ракометарки до 20 години.

„Со длабока тага ги информираме членовите на нашата заедница дека нашата ракометарка Доротја трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Играше за нашиот клуб повеќе од десет години. Имаше само 21 година“, се наведува во соопштението на нејзиниот клуб ЕРД.

Талентот на Киш бил препознаен уште во основно училиште, а од 2013 година стана лиценцирана ракометарка на ЕРД. Постепено напредуваше низ младинските категории и во 2019 година дебитираше во унгарската прва лига под водство на тренерката Едина Сабо. Неверојатната посветеност и труд ја донесоа и до репрезентацијата, каде што го достигна својот врв со среброто од светското првенство за младинки.