Трагедија: Ракометар почина по срцев удар среде меч во Јордан (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Репрезентативецот на Јордан, Адел Бакр Атари почина утрово откако доживеа срцев удар среде натпревар меѓу Кафрања и Ал-Салт во домашниот шампионат.

Медицинските лица интервенираа за време на натпреварот, по што ракометарот бил пренесен во болница, каде што докторите не успеале да му го спасат животот.

На социјалните мрежи се појави и вознемирувачко видео од моментот кога ракометарот има инфаркт.