Србија го совлада Чиле за пласман во главна фаза на СП

Ракометарките на Србија вечерва триумфираа со 30-16 против Чиле и обезбедија пласман во главната фаза на Светското првенство (СП).

Првото полувреме беше „сиромашно“ и беа постигнати само 16 голови, односно нашиот северен сосед имаше предност од 10-6, по што во вториот дел го засили темпото и оствари сигурна победа.

Стамениќ беше најефикасна кај Србија со седум голови, додека Радевиќ и Радосављевиќ постигнаа по четири погодоци.

Вечерва триумф оствари и Сенегал кој ја надигра Кина со 22-15.