
Со последниот шут во клупската кариера, Карабатиќ го нокаутира противничкиот голман (ВИДЕО)
Противник на ПСЖ беше Екс, парискиот тим славеше со 39-36, а на околу 30 секунди пред крајот, Карабатиќ доби шанса „да се отпише“ со удар од 7 метри. Цела сала очекуваше гол и официјално збогување на еден од најдобрите на сите времиња, но се случи нешто што ги шокира сите.
Карабатиќ се обиде со сув лист да го совлада противничкиот голман Денис Сердаревиќ, ама место да ја затресе мрежата, го удри во глава и го нокаутира, па мораше да му се укаже лекарска помош. Карабатиќ веднаш ја прекина играта и се извини за својот потег, а потоа беше носен на раце од соиграчите пред да го крене шампионскиот пехар.