Словенците од фотелји си станаа полуфиналисти на ЕП!

Ракометарите на Словенија станаа полуфиналисти уште пред да го одиграат својот натпревар од последното коло во Главната фаза на ЕВРО 2020. Причина за тоа е киксот на Унгарија против Португалија, со што и математички никој не може да ја стигне Словенија на второто место во групата во Малме.

Сензацијата на Европското ракометно првенство, Португалија, надмоќно ја совлада Унгарија со 34-26, спречувајќи ја да продолжи да се надева на полуфинале. Унгарците цела на победа, зашто со неа ќе им требаше само пораз на Словенија од Норвешка вечерва (што не е никакво изненадување), меѓутоа им го олеснија животот на Словенците.

Сега тие се сигурно втори во својата група, со шест бода и ќе играат против Норвешка дури и за првата позиција во групата во Малме. Норвежаните се единствената репрезентација на ЕП досега со максимален ефект имаат осум бода на челното место и само пораз може да ги симне оттаму.

И Скандинавците и Балканците имаат привилегија да знаат што добиваат во полуфиналето, бидејќи нивните потенцијални противници, Шпанија и Хрватска, веќе се поделија, Шпацните први, Хрватите втори во групата во Виена. Оттука, ако Норвешка остане прва во својата група ќе вкрсти со Хрватска, а Словенија би се соочила со Шпанија во полуфиналето.

За Португалците, пак, оваа победа значи многу, бидејќи се качија на третото место во групата во Малме и ќе останат таму ако Исланд не ја победи Шведска, вечерва. Тоа трето место значи дека ќе се борат за петтата позиција на ЕП, но и сигурен пласман на олимписките квалификации.