Скандинавско дерби во четвртфиналето на ракометниот олимписки турнир

Скандинавската пресметка на актуелниот олимписки и светски првак Данска со Норвешка ќе биде највозбудливото четвртфинале на олимпискиот ракометен турнир, одлучи ждрепката во која Франција го доби најлесниот противник за пласман во полуфиналето.

Покрај пресметката на Данска и Норвешка, која е претпоследна според распоредот на мечеви за два дена на 3 август, суперинтересна пресметка за место во полуфиналето се очекува и помеѓу Шведска и Шпанија, додека „триколорите“, кои се екс-светски и олимписки шампиони ќе ја имаат најлесната задача за место меѓу најдобрите четири и потоа битка за медалите.

Последната четвртфинална двојка е Германија против Египет, предводен од поранешниот вардаров тренер Роберто Парондо.