Селекторот на кадетите ќе тренира тим во Катар!

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Раде Стојановиќ почна интернационална тренерска кариера и седна на кормилото на Катар Спорт Клуб од Доха.

Стојановиќ се враќа во екипата каде што играше како ракометар во 2012 година, а за задача ќе има да обезбеди место во топ-3 во лигата, откако минатата сезона Катар Спорт завршил шести.

Македонскиот селектор претходно во домашното првенство ги тренираше екипите на ГРК Охрид и на Металург 2.