Раул Гонзалес стави потпис на нов договор со ПСЖ

Тренерот кој му ја донесе првата европска титула на Вардар, Раул Гонзалес ја продолжи соработката со ПСЖ откако стави потпис на договор со трајност до јуни 2025 година.

Раул Гонзалес во ПСЖ се пресели во јуни 2018 година, а доколку до крај го одработи новиот договор, таму ќе биде цели седум години.

„Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес откако го потпиша новиот договор.