Кастратовиќ замина на печалба во првакот на С. Арабија

Поранешниот селектор на женската репрезентација на Македонија, Зоран Кастратовиќ замина на печалба во Саудиска Арабија, па го презема првакот на оваа земја Ал Мудар.

Откако селекторот на кадетите Раде Стојановиќ потпиша во Катар, Кастратовиќ е втор кој оди во арапскиот свет и тоа во првакот на С. Арабија со кој ќе игра на неофицијалното светско првенство „Супер Глоуб“ кое ќе се игра во Дамам.

Кастратовиќ е поранешен тренер на Вардар, Металург и Пролет, кој беше селектор на Иран и на Црна Гора, покрај селекторската функција во Македонија, а беше тренер и на босанска Слобода Тузла.