Норвежанките го надиграа светскиот првак Холандија

Норвешка славеше во големото дерби против Холандија со 29-27 и така го презема врвот на табелата во групата А со осум бодови, односно два повеќе од денешниот противник.

Норвежанките имаа водство речиси во текот на целиот натпревар, освен на средината на второто полувреме кога Холандија направи пресврт со 23-22. Меѓутоа, Норвешка успеа да ја врати предноста на своја страна и на крајот да триумфира со 29-27.

Нора Морк беше одлична за Норвешка и постигна девет голови, додека Смитс постигна седум гола за Холандија.

Норвешка во моментов е прва на табелата со осум бодови, додека Холандија е втора со шест, по што следи Црна Гора со четири, а по два бода имаат Јужна Кореја, Ангола и Јапонија.