Норвешка се распадна против моќната Словенија во борбата за полуфинале
Норвешка на почетокот на мечот имаше предност од еден гол која ја одржуваше неколку минути, но потоа Словенија влезе во мини-серија од 3-0 и поведе со 9-6, а на паузата замина со 16-12.
Словенија во вторите 30 минути успешно го чуваше водството, иако Норвешка неколку пати намали на два гола негатива, меѓутоа не успеа да го запре ривалот на патот кон полуфинале.
Во полуфиналето на Олимписките игри ќе се соочат Германија и Шпанија, односно Словенија и Данска.