Налудничав меч во Франција: Голманот запиша 19 одбрани и - четири гола! (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Нант и Иври, во третото коло од француската најсилна ракометна лига, донесе победа за домаќинот, со 33-28, но и еден невиден и тешко повторлив ефект од голман.

Хрватот Иван Пешиќ блескаше на голот на Нант со 19 одбрани. Тоа навистина е голем потфат, но не и недостижен. Она што не се гледа на ракометните терени е голманот да биде втор стрелец на една екипа. Токму таков беше Пешиќ, постигнувајќи дури четири гола.

Играта „7 на 6“ на Иври донесе доста можности за погодоци на празна мрежа, а хрватскиот репрезентативец покажа дека има снајпер во раката. Поефикасен од него беше само Одриосола со шест погодоци.