Лазаров: Пораз од 19 разлика не е добар ниту за нас ниту за Македонија

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров за официјалната интернет-страница на СП во Египет зборуваше за своите почетоци на големите натпреварувања токму во оваа африканска земја. Легендата го испофали Египет за начинот на кој го разви ракометот и се осврна на синоќешниот дебакл. 

Македонија беше понижена од Египет со 19 голови разлика, а во првото коло загубивме и со 12 разлика од Шведска. Ова е неприфатливо за македонската репрезентација ниту за капитенот.

„Не сме задоволни поради двата порази, особено по она што се случи против Египет“, изјави Лазаров. „Пораз со толкава разлика, сигурно дека не е добро. На овој натпревар дојдовме да се бориме до крајот. Верувавме дека можеме до чудо, но не игравме на нивото на кое се надевавме. Не сме задоволни што загубивме со 19 разлика. Секако, ова не беше добро ниту за нас како репрезентација ниту за нашата држава Македонија“, заврши капитенот.