Хрватските ракометарки загубија од Шпанија и останаа без пласман на СП

Хрватската женска ракометна репрезентација беше поразена од Шпанија со 17-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), па така останаа без пласман на Мундијалот.

Шпанија успеа да ја надокнади негативата од еден гол од првиот меч (26-27) и без посериозни проблеми да запише голема победа.

Најефикасна на теренот беше Данила Со Делгадо, која постигна шест голови, додека најдобра кај Хрватска беше Тина Баришиќ со три погодоци.

Фото: Хрватска ракометна федерација