Холандија ја победи Црна Гора, Русија ја прати Шпанија дома

Холандија ја победи Црна Гора со 30-29 на женскиот олимписки ракометен турнир, а Русија со победата против Шпанија со 34-31 ја прати „фуријата“ дома и ја елиминираше од турнирот.

Холанѓанките можеа многу поубедливо да ги победат Црногорките, во еден момент имаа и девет гола предност, но се опуштија па триумфираа само со еден гол, во мечот на кој Ван Хајден даде пет гола, а Бонт четири, додека бившата вардарка Јованка Радичевиќ беше најефикасна со осум погодоци, од кои четири од седум метри.

Од претходно Норвешка, Шведска, Франција и Унгарија веќе визираа пласман за четвртфиналето, во кое се и Русија, Холандија и Црна Гора, а Бразил остана без четвртфинале и сега останува само непознато дали Јапонија која во последниот денешен меч игра со Норвешка би можела да дојде до место меѓу најдобрите осум.