Французите немаа решение, Шведска полета кон петто европско злато!

Шведска и Шпанија ќе играат во финалето на Европското првенство во ракомет, колку и да изгледаше тоа како најголемо изненадување пред денешната полуфинална програма во Будимпешта. Во второто, вечерно полуфинале, скандинавците ја победија Франција со 34-33, спасувајќи го својот гол во последните секунди благодарение на феноменалниот голман Андреас Паличка.

Франција се обиде да направи подвиг сличен на оној против Данска, кога со серија 8-2 од 47. минута до крајот напрви пресврт до победа. И беше блиску до подвиг, барем за нерешено, меѓутоа шутот на Лудовиг Фабрегас во последните секунди го запре Паличка со својата 12. интервенција. Швеѓаните не мораа да треперат до последните мигови, бидејќи имаа сигурно водство во завршницата и константно во второто полувреме.

Таа убедлива игра почна уште некаде по средината на првиот дел, кога Франција уште водеше, благодарение на одличниот старт (5-1 во 6 мин.). Сепак, Швеѓаните ја најдоа формулата во одбраната, играа беспрекорно ставајќи ги во безизлес фантастичните поединци како Карабатиќ, Мем, Ричардсон... По петминутен пост без погодок, од 18. до 23. минута, Французите го загубија водството, а Шведска со четири гола во низа поведе со 11-10. Тоа беше само почеток на налетот, кој им донесе 17-14 на полувремето на ракометарите од северот на Европа.

Вториот дел почна слично, со максимални 19-14 во 34. минута, а потоа еден период без турбуленции, во кој Шведска одржуваше позитива од 2-3 гола. Нападите почнаа да погодуваат од сите страни, дефанзивите беа тенки, а особено француската, која резултираше само со четири одбрани на голманите Жерар и Пардан. Франција го доби својот завршен удар, но ни тој не беше доволен за пресврт. Јим Готфридсон со девет гола беше прогласен за играч на натпреварот, а Паличка покрај 12-те интервенции запиша и три постигнати гола на празна мрежа. Кај Франција, Мин и Деска погодија по осум пати.

Ова е шеста победа на Шведска во седум учества во полуфиналињата на ЕП, а финалето в недела од 18 часот против Шпнија ќе биде обид за петтото злато, што ќе значи подобрување на рекордот. Ова, практично, ќе биде реприза на завршницата од ЕП 2018 година, кога Шпанија ја победи Шведска во финалето, а Французите се утешија со бронза против Данска.