Борко Ристовски се враќа во Бундеслигата - ќе брани за Лемго!?

Голманот на Вардар и долгогодишен македонски репрезентативец, Борко Ристовски, е на чекор да направи изненадувачки трансфер и тоа ни повеќе, ни помалку, за германскиот бундеслигаш Лемго.

Како што дознаваме, овој бомбастичен трансфер треба да биде реализиран за многу кратко време, бидејќи Лемго има потреба од искусен голман, а должината на соработката би требало да не биде подолга од два месеца.

Првиот голман на Лемго, Словенецот Урх Кастелиц, заработил повреда коленото, поради која мораше да го оперира менискусот. Тоа значи пауза од шест до осум недели, па без него ќе требаше клубот да биде оставен на тројката голмани, меѓу кои најискусниот има 22 години, Фин Цехер. 

Затоа Лемго побарал голман со искуство, а Борко е токму таков, па повеќе од веројатно е дека ќе го прифати предизвикот, овој ноември и декември да брани во најсилната лига на светот.

Секако, за ова треба да наиде на разбирање и во Вардар, каде што полека го предава приматот на помладите, Мартин Томовски и Васил Гогов, па преостанатите шест кола од домашната Суперлига, во календарска 2022, ќе останат во нивни раце.

Борко во Бундеслигата бранеше пред шест години, кога во сезоната 2015-16 го чуваше голот на Рајн-Некар, кога и стана прв Македонец шампион на Германија, а претходно, од 2012 до 2014 беше голман на Гумерсбах.