Томовски блескаше за Лудвигсхафен, Кузмановски се врати на терен со два гола

Двајца македонски ракометни репрезентативци денеска со своите тимови имаа натпревари во германската Бундеслига. 

Голманот Мартин Томовски беше брилијантен на голот на Лудвигсхафен, но неговиот тим загуби од Есен со 26-25. Нашиот репрезентативец собра дури 12 одбрани, но очигледно и тоа не беше доволно за поволен резултат.

Филип Кузмановски се врати во составот на Хановер откако го прележа коронавирусот. Бекот постигна два гола од два обиди против Нордхорн, а неговиот тим лесно славеше со 31-22.

Лудвигсхафен е во зоната за испаѓање на 18. позиција со осум освоени бода. Хановер се наоѓа на 13. позиција со 16 бодови.