![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/01/29/247332-srpski-komentator-pobednichkiot-gol-na-hrvatska-go-prosledi-kako-da-e-na-pogreb-video.jpg?itok=xa6nLYS-)
Српски коментатор победничкиот гол на Хрватска го проследи како да е на – погреб (ВИДЕО)
Иако „Каубоите“ со гол во последната секунда од Марин Шипиќ режираа неверојатен пресврт (31-30) и обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство, неговиот тон остана рамнодушен, а хрватскиот медиум „24 сата“ дури во насловот ја потенцираше неговата реакција, споредувајќи ја со атмосфера „како на погреб“.
„Имаат уште осум секунди. Пешиќ бара некој слободен, Мараш, па Срна, Срна. Оди пас, Шипиииќ, гол пред звукот на сирената. Хрватска е во полуфинале. Ова е сигурно регуларен погодок според тоа што го имавме на графичкиот приказ. Унгарците испуштија плус четири во последните десет минути, тоа мора да се нагласи. Хрватска првпат по 2017 се враќа во полуфиналето“, без возбуда заклучи коментаторот.
„Коцкестите“ во полуфиналето на СП ќе играат против Франција.