Швеѓаните со пеколен финиш ѝ го загорчија животот на Унгарија!

Ракометарите на Шведска одиграа без никакви калкулации и на крајот славеа над селекцијата на Унгарија со 24-18, со што практично ја пласираше Норвешка во полуфиналето на Европското првенство.

Во израмнет натпрева до 50. минута, каде предноста за едните или другите не беше поголема од два разлика, Швеѓаните фуриозно влегоа во завршните десетина минути, кога воедно и ја направија клучната предност за победа. Со серија од 6-0 при резултат 18-18, скандинавците лесно дојдоа до разлика со која ја загарантираа победата на овој дуел.  

Норвешка во последното коло игра против Словенија и потребно и е да не загуби доколку сака да остане на првото место во групата, додека Словенија ќе мора да брка барем бод доколку не сака се надева на нов кикс на Унгарија.

Најефикасни во победничкиот состав беа Готфритсон и Пелас со по пет погодоци, додека на спротивната страна Миклер имаше залудни 14 интервенции.