Швеѓаните направија скандал на ЕП: Четири ракометари лудувале во бар во Малме

Скандал ја потресе ракометната репрезентација на Шведска пред главната фаза на Европското првенство (ЕП), откако медиумите објавија дека четири ракометари пиеле алкохол во еден паб во средата.

Џим Готфридсон, Андреас и Лукас Нилсон, како и Ким Екдал Ду Руиц лудувале во еден локал, па тие четворица ракометари морале да им се извинат на сонародниците во соблекувалната.

„Ова не е прифатливо однесување, но го решивме проблемот во рамки на тимот. Ракометарите се извинија на останатите. И ние сакаме да се извиниме на нашите навивачи. Тоа е неприфатливо“, вели генералниот секретар на шведската федерација, Роберт Ведберг.