Шпанија ја „тресна“ Австрија и направи исчекор кон полуфинале на ЕП

Шпанија беше голем фаворит против Австрија на ракометното Европско првенство (ЕП), но на крајот успеа да слави со 30-26 потешко од очекуваното.

Австрија се држеше во игра цело прво полувреме, кога се играше гол за гол во поголемиот дел од времето, а на одмор Шпанците заминаа со предност од 17-16.

Во вторите 30 минути Шпанците заиграа подобро, а нивниот голман Коралес почна да брани фантасично и ги запре незгодните Австријци.

Шпанија запиша нова победа на ЕП, па така стигнаа на чекор до пласман во полуфинале.