Ристовска: Горда сум што сум Македонка! (ФОТО)

Македонија го заврши настапот на Европското првенство за ракометарки со три порази од три меча во групната фаза, но тоа не ја симна атмосферата кај нашите репрезентативки.

Доказ за тоа е капитенката Сара Ристовска, која по синоќешниот пораз од Романија, на социјалните мрежи сподели како се чувствува.

„Некогаш победуваш, некогаш губиш, но самата главна цел е нешто да научиш. Беше прекрасно искуство да се игра на Европско првенство. Каква атмосфера, какви навивачи. 10 години чекав да го доживеам тој момент. Едно големо БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ што беа со нас до последните 180 минути. Горда сум на своите девојки . Горда сум што сум МАКЕДОНКА“, напиша Ристовска.

Таа има 26 години, но уште како тинејџерка е во македонската репрезентација и знае во каква агонија беше нашиот женски ракомет и колку долго чекавме место на едно големо натпреварување. Ова овде не го заработивме преку квалификации, туку како кодомаќини, но таа и колешките од националниот тим го искористија да покажат дека имаат потенцијал да бидат редовни учеснички. 

Ристовска беше најефикасна македонска ракомеарка, со 10 гола на трите меча.