Ракометарките ги почнаа подготовките за мечевите со Шпанија (ФОТО)

Македонските ракометни репрезентативки денеска се собраа за почеток на мисијата „Шпанија“ од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

По успешниот вовед во квалификациите и победите над Азербејџан и Литванија, пред Македонија се два меча со фаворитот Шпанија.

Првиот меч се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 29. февруари, влезот за овој дуел е бесплатен, на 3. март играме на гостински терен во Шпанија.