Ракометарите ќе бидат во вториот барабан на ждрепката за СП 2027 - ако се пласираат!

Светската ракометна федерација (ИХФ) го објави изгледот на шеширите за ждрепката за Мундијалот што ќе се одржи идната година во Германија.

Македонската репрезентација би била во вториот шешир, но под услов да се пласира на Светското првенство. За да се случи тоа, нашиот национален тим ќе мора да победи во баражот во кој ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Украина и Словачка. Баражот е на програмата во мај кога ќе биде јасно дали Македонија ќе ја продолжи серијата настапи на големите ракометни натпреварувања.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by IHF (@ihfworldhandball)

 

Отсега е јасно дека во првиот шешир ќе биде Данска, Германија, Хрварска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина кои веќе обезбедија пласман на Мундијалот. Ждрепката за новиот планетарен собир ќе се одржи на 10 јуни.