Пресврт и победнички гол на Филип Лазаров: Македонија - Црна Гора во 2018! (ВИДЕО)

Македонија и Црна Гора одбележуваат точно две години од нивниот прв и единствен дуел на Европските првенства. На 15 јануари 2018, во Загреб, Македонија славеше со 29-28 над Црногорците многу тешко, со пресврт, за да го обезбеди пласманот во втората фаза од тој шампионат.

Две години подоцна нема да изостане неизвесноста и односот на силите е, речиси, ист, иако неоклку играчи ги нема. Кирил Лазаров, сега е покрај аут-линијата, не на теренот, Македонија тогаш играше и со Јоноски, Прибак, Филип Лазаров во својот состав, а токму последниот од нив тројца беше стрелец на победничкиот гол. Најефикасен на таа средба беше Филип Кузмановски, импресионирајќи со пет гола.