Од Словенија во Русија: Репрезентативка на Македонија потпиша за ЦСКА Москва!

Стрелецот на петтиот најубав гол минатата сезона во Лигата на шампионките и македонска репрезентативка, Сара Ристовска, следната сезона ќе го носи дресот на новоформираниот руски тим со славно име, ЦСКА Москва.

Таа по една сезона мината во Крим ја напушта Словенија и ќе биде дел од амбициозниот проект како една од засега трите интернационалки во составот. Новиот тим беше претставен денеска на прес-конференција, а покрај Ристовска во ЦСКА ќе настапуваат и Бразилката Чана Масон и Швеѓанката Сабине Јакобсен.