Минимална победа за ракометарите на „генералката“ пред Мундијалот

Maкедонската ракометна репрезентација славеше победа на последниот контролен натпревар пред Светското првенство. Избраниците на Кире Лазаров денеска со 27-26 беа подобри од африканската селекција на Зеленортски Острови.

Натпреварот мина во израмнета игра на двете страни, а во клучните моменти подобри беа македонските ракометари кои така успеаа да дојдат до втората победа во трите контролни натпревари.

Првото полувреме мина во водство на африканската репрезентација од 14-15. Изедначената игра продолжи и во вториот дел, но на крајот сепак ние бевме подобри.
Македонија претходно одигра два тест натпревари со Хрватска од која загубивме и против тимот на Сесвете кој го победивме убедливо.

Првиот натпревар на Мундијалот Македонија го игра в среда против Унгарија со почеток од 20:30 часот.