Магијата на ФА Купот: Водоинсталатер беше играч на натпреварот против Тотнем
ФА Купот секогаш носи посебна магија и ги исполнува соновите на фудбалерите од помалите и аматерски клубови во Англија и речиси секоја година се испишува некоја убава приказна.
Најстарото фудбалско натпреварување поради начинот на ждребот во кој нема правила им овозможува на аматерските клубови во раната фаза да се сретнат со најголемите клубови во англијак.
Така Тамворт кој е на 16. позиција во петтиот ранг на англискиот фудбал денес играше против Тотнем и издржа во регуларните 90 минути да не прими гол, резултатот беше 0-0. Во продолженијата фудбалерите на овој тим пропуштија и две големи прилики за сензација.
Тотнем потоа сепак постигна три гола и дојде до победата. Сепак, фудбалер на домашниот состав беше прогласен за играч на натпреварот.
Во прашање е 32-годишниот стопер Хајден Холис кој работи како водоинсталатер. Тој денеска одигра одличен натпревар во кој одлично ги затвораше приодите кон својот гол против екипата која во стартните 11 имаше вредност над 300 милиони фунти.
A performance to be proud of!
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 12, 2025
The @Emirates Player of the Match, Haydn Hollis 👏#EmiratesFACup pic.twitter.com/JdS9tmeXAu