Вардар ќе се засили со уште тројца фудбалери до крајот на преодниот рок
Од раководството на клубот денеска потврдија дека во наредните денови ќе бидат објавени уште три нови имиња со кои ќе биде затворен преодниот рок.
Имињата на фудбалерите не се соопштија, но беше кажано дека тоа се играчи кои можат да направат разлика и доаѓаат од македонското првенство.
Новите засилувања ќе бидат промовирани пред тимот да тргне кон Анталија каде ќе го има главниот дел од подготовките.
Во досегашниот дел од преодниот рок Вардар ги донесе голманот Давор Талески, потоа Михал Пинтер, Мите Цикарски, Михаил Маневски, Георгие Јанкулов, Димитар Тодоровски и Едиз Спахиу.