ПСЖ го победи Сент Етјен и се врати на ,,плус седум" пред Марсеј (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен во првото полувреме кога фаворитот ги постигна двата гола кои беа дело на Осман Дембее.
По само 13. минути Дембеле го отвори резултатот, а десет минути подоцна го постигна вториот гол од пенал за 2:0. Баркола пред крајот на првиот дел ја погоди уште еднаш мрежата на гостите, но тој гол беше поништен поради офсајд.
Во второто полувреме Сент Етјен преку Давтшвили само го ублажи поразот.
ПСЖ по овој натпревар ја врати предноста на врвот на табелата од седум бода во однос на Олимпик Марсеј кој на второто место има 36.