„Ел Класико“ за паметење: Барселона „пукна петарда“ за 15. трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)

Eкипата на Барселона по победата во првенство од 0-4 во Мадрид вечерва запиша уште еден убедлив триумф над „кралевите“, сега во Суперкупот во Саудиска Арабија со 5-2.

На Реал Мадрид во овој момент на табелата му оди подобро, но Барселона славеше во првите две „Ел Класика“ сезонава и тоа во нив против најголемиот ривал прими девет гола, а прими само два.

Добро започна денешниот натпревар во Џеда за избраниците на Карло Анчелоти, Килијан Мбапе по само пет минути игра ги доведе „кралевите“ во водство и тоа беше прв гол за Французинот во натпреварите против Барселона.

Сепак, по тој гол на Мбапе следуваше потоп за „кралевите“. Прво Јамал израмни на 1-1 во 22. минута, па Левандовски од пенал погоди за целосен пресврт во 36. минута. Само три минути подоцна, Рафиња го постигна и третиот гол за Барселона.

Пред самиот крај на полувремето мрежата на Реал Мадрид се затресе и трет пат, а погоди Балде.

На самиот старт од второто полувреме Реал Мадрид ја погоди стативата и казната веднаш стигна со вториот гол на Рафиња за 1-5. Војчех Шчесни беше невниматлеен и заработи црвен картон во 56. минута, сепак веќе беше предоцна за „кралевите“ да се вратат во натпреварот.

Реал успеа преку Родриго кој погоди од слободен удар само да го ублажи поразот.  За Барселона ова беше 15. трофеј во шпанскиот Суперкуп.