Македонски навивач ја запроси девојката пред мечот со Холандија (ФОТО)

Пред почетокот на вториот меч на Македонија на Светското првенство (СП), еден македонски навивач ја запроси неговата девојка на трибините.

Дејвид Гехен од Штип клекна на колена на трибините и пред останатите навивачи ја запроси Адрена Талеска од Прилеп.

Сега на потег се македонските репрезентативци да им ја честитаат свршувачката на најдобар начин во Вараждин, а тоа е со победа против селекцијата на Холандија.