Македонија загуби на последниот тест во Стара Пазова

Македонската ракометна репрезентација загуби на последниот предизвик на подготовките во Стара Пазова со 29-34 од комбинираниот состав на Србија.

Избраниците на Кире Лазаров им парираа на ривалите во првото полувреме (18-18), но потоа Србија успеа да создаде предност и да слави со 34-29.

Македонија претходно имаше тестови против Нови Београд и Динамо Панчево против кои запиша триумфи.

Нашата репрезентација во групната фаза на Мундијалот ќе се соочи против Унгарија, Холандија и Гвинеја.